Министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Шикорски изјави денеска дека Русија е одговорна за сириското хемиско оружје и дека би можела да го употреби своето влијание на текот на судирите во таа држава.
– Русија упорно истакнува дека е против употреба на хемиско оружје, но знаеме дека сирискиот арсенал датира од времето на СССР. Тоа е советска технологија, изјави Шикорски.
– Мислам дека кога Русија би рекла дека ќе обезбеди контрола врз сирискиот арсенал хемиско оружје, тоа би можело да влијае врз развојот на ситуацијата, изјави тој.