По пауза од две децении, Русија го рестартираше производството на Москвич

Од:

По пауза од две децении, Русија од денеска го рестартираше производството на Москвич, автомобилска марка од советската ера, во поранешната француска фабрика на Рено, соопшти руското Министерство за индустрија и трговија.

Во мај, Рено го продаде мнозински удел во фабриката за автомобили Автоваз на руската држава, наводно за една рубља, со опција да го откупи во рок од шест години.

Француската компанија исто така за една рубља ја продаде фабриката што сега се нарекува Московска фабрика за автомобили Москвич.

– Првите автомобили Москвич ќе бидат произведени во декември 2022 година, соопшти рускиот производител на камиони Камаз, технолошки партнер на фабриката Москвич.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни