Нова опрема во „8 Септември“, Владата инвестира над 100 милиони евра во здравството

Од:

Владата на Република Македонија  инвестира над 100 милиони евра во македонското здравство, со цел да ги издигне стандардите и на македонските граѓани да им се пружи квалитетна здравствена услуга, изјави премиерот Никола Груевски.

Тој денеска во болницата „8 Септември“ присуствуваше на промоцијата на нова опрема, вредна 700 илјади евра. Од нив 300.000 се вложени во најсовремена лабараторија, а останатите во најсовремени ехо апарати.

Груевски истакна дека лабараторијата е составена од повеќе делови и апарати, сите за различна функција.

– Тие се најсовремени, даваат брзи резултати. Некои даваат резултати за половина минута, некои за минута, најдолго ќе се чека за резултат 45 минути. Еден апарат ќе прави 800 примероци за 45 минути. Оваа најсовремена опрема се става во функција на сите граѓани коишто ќе побараат помош. Втората група на апарати се ехо-апаратите. Еден од нив, во овој момент е единствен од таков вид на Балканот, рече Груевски.

Ехо апаратите за кои е инвестирано 400 илјади евра, се најсовремени, а едниот од нив е и единствен на Балканот, тоа е најнов тип на апарат со најдобри перформанси. Дел од апаратите се користат за уролошкиот оддел и главно за прегледи и интервенции.

Во болницата наскоро ќе дојдат осум нови лекари од САД кои ќе ги обучуваат македонските колеги.

– Со сите зафати што се преземаат за модернизирање, овој медицински центар станува еден од најголемите во Македонија, чекор по чекор тој практично станува паралелен систем на комплексот клиники „Мајка Тереза“, истакна Груевски.

Министерот за здравство Никола Тодоров изјави дека се работи за софистицирана и напредна опрема, која што ќе овозможи многу повисоко ниво на здравствени услуги во новата градска болница.

За одбележување е фактот, според него, што во болницата во изминатата година обемот на работа е многукратно зголемен, а кадровски болницата е зајакната со 70 нови вработувања.

– Исто така за одбележување е фактот дека во последната година, новата градска болница е зајакната со повеќе од 70 нови вработувања, што како бројка е веројатно поголема од вкупната бројка на вработувања што имало во здравството во некои минати години. Тоа ја покажува посветеноста на Владата на патот на креирањето на оваа здравствена установа како еден не само градски центар туку со пошироко влијание и значење за државата, изјави Тодоров.

Обемот на работа во болницата, како што рече, е двојно и повеќе, и смета дека тоа е едно позитивно придвижување во здравството.

– Имаме 15 преземања на специјалисти, вкупно, од приватно во јавно здравство, овде во новата градска болница, што овозможува најголем дел од амбулантските кабинети, пет дена да имаат две смени, пректично уште повеќе да се растерети гужвата и да се овозможи порелаксирано добивање на здравствена услуга од страна на граѓаните, изјави Тодоров. 

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство