За 23 отсто се зголемил бројот на починати од Ковид-19 во Грција, а за четири проценти се намалил бројот на заразени во периодот од 14 до 20 ноември 2022 година, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
За една седмица биле регистрирани 53.800 случаи, од кои 27 проценти се реинфекции, а починаа 147 лица.
Во конкретниот период биле направени 674.813 тестови, со стапка на позитивност 7,97 отсто.
На одделите за интензивна нега во грчките болници 89 пациенти се приклучени на апарати, осум повеќе од минатата седмица.
Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 5.360.506 случаи на Ковид-19, а починаа 34.178 лица.