ВИДЕО: Неексплодирана граната прободе грб на руски војник, хирурзите ја извадиле без анестезија

Од:

Хирурзите извадиле неексплодирана минофрлачка граната од грбот на руски војник, а операцијата била извршена без анестезија и додека војникот бил свесен. На видеото од операцијата се слуша како војник бара од болничарите да не ја допираат гранатата затоа што „во секој момент може да експлодира“, пренесуваат медиумите БАЗА.

Член на екипажот кој ја снима процедурата во импровизирана болница во близина на бојното поле побара од болничарите да ја покажат гранатата на камерата. Отстранета е, дупката е зашиена и пациентот сега се опоравува“, велат лекарите во извештајот.

Ова е веќе втора ваква операција овој месец. Претходно, хирурзите веќе го спасија младиот наредник Николај Пасенко, кому под срцето му беше заглавена неексплодирана украинска граната. Куршумот му ги здробил ребрата, му ги оштетил белите дробови и му се сместил во близина на ‘рбетот, помеѓу аортата и најголемата вена на телото. Хирурзите таа операција ја извршиле со панцири.

Откако смртоносниот експлозив се појавил на рендген, војникот првично се двоумел дали да го отстрани. „Бев против тоа. Не сакав лекарите да страдаат бидејќи муницијата може да експлодира“, рече тој. Меѓутоа, постапката била успешна под водство на армискиот хирург потполковник Дмитриј Ким, кој го игнорирал предупредувањето на војникот дека граната може да експлодира на операционата маса.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород