ВИДЕО: Црвен аларм во Далмација, најава за урагански ветер

Од:

Изразен пад на воздушниот притисок е јасен знак за приближувањето на циклонскиот ветер кој утрово од северна Италија влегува во северниот дел на Јадранот. Неговото натамошно продлабочување се очекува во следните неколку часа, пишува Далмација Данас.

Вчера ДХМЗ издаде црвено ниво на предупредување за целиот Јадран поради најава за бурен и урагански ветар и на места обилни врнежи од дожд. Веќе во 20 часот официјалната метеоролошка станица во Сплит, измери јужни налети и до 103 км/ч. Најсилен удар до 20 часот е измерен кај Св. Брза кон Биоково, урагански ветер од 127 км/ч.

Очекувано ветерот предизвикува големи проблеми во морскиот сообраќај. Во цела Далмација врне дожд кој на места е многу обилен, а на Динара и Камешница над 1600 метри паѓа обилни врнежи од снег.

Издаден е црвен аларм на предупредување за целиот Јадран.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик