Израелската армија денеска постави противракетен систем во Тел Авив, кој е насочен кон соседна Сирија, соопшти денеска военото радио.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека војската распоредила зенитни ракетни системи поради опасност од извршување на евентуална воена интервенција врз Сирија од страна на западните сили.
Тој не ја соопшти точната локација на системите за пресретнување ракети, но според военото радио армијата ги дислоцирала зенитните системи „Железна купола“ во северниот дела на земјата, како и еден зенитно-ракетен систем „Патриот“.