Петмина повредени во сообраќајка во Кочанско

Од:

Пет лица од кои еден потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на локалниот пат за кочанското село Блатец.

Во несреќата, според информациите на МВР, учествувале автомобил „рено клио“ управуван од С.Ѓ.(36) од с.Блатец и автомобил „фолксваген голф“ управуван од Т.М.(41) од с.Вељуса, струмичко.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ѓ., а со телесни повреди се здобиле возачот Т.М. и тројца сопатници од истото возило – Г.Р.(41) од с.Покрајчево, радовишко, Д.Ј.(43) од Виница и З.Ј.(34) од с.Ангелци, општина Василево, констатирани во Медицинскиот центар во Штип и Општата болница во Кочани, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште