Во Иран уапсени две актерки „поради поттикнување и поддршка на немирите“

Од:

Во Иран вчера уапсена е уште една актерка поради јавна поддршка на протестите. Полицијата ја приведе глумицата Катајун Риахи.

Претходно, иранската државната новинска агенција јави дека е приведена и актерката Хангамех Газиани поради „поттикнување и поддршка на немири и комуникација со опозициските медиуми“.

Риахи и Газиани се уапсени откако се појавија во јавност без марами во знак на солидарност со демонстрантите.

Актерките се меѓу бројните истакнати ирански јавни личности кои изразија поддршка на протестите, што почнаа на 16 септември, по смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина во притвор. Амини беше уапсена од полицијата за морал поради непочитување на строгите ирански кодекс за облеката на жените.

Протестите подоцна се претворија во движење против иранските верски власти. Според податоците на невладините, во задушувањето на тие протести загинале неколку стотици луѓе, додека околу 15.000 се уапсени. Некои од уапсените беа осудени на смрт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он