Кривична за двајцата управители на очната болница „ЕУРОПЕАН ЕЈЕ ХОСПИТАЛ“

Од:

Управата за финансиска полиција денеска извести дека до Основното Јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против двајца управители на приватната здравствена установа Специјална очна болница „ЕУРОПЕАН ЕЈЕ ХОСПИТАЛ“ п.о. Скопје.

Од Финансовата тврдат дека „во период од 2011 до 2020 година, сега осомничените ја злоупотребиле својата службена положбa, на начин што, набавиле повеќе видови медицински средства од сомнително потекло, односно од непознати производители и добавувачи, при тоа истите не ги евидентирале во нивното сметководство како набавени“.

Медицинските средства, додаваат од Управата, биле ставени во промет на начин што ги вградувале кај пациенти при извршени оперативни зафати, иако истите не биле запишани во Регистарот на медицински средства, не биле одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства на Македонија (МАЛМЕД), ниту пак се во согласност со пропишаните услови во Законот за лекови и медицински средства.

„Нерегистрираните медицински средства не ги евидентирале во своето сметководство со влезни фактури и за вградување на истите не евидентирале материјален излез, при тоа наплатиле парични средства од пациенти со што се стекнале со значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 38.808.491 денари. Пријавените за дел од вградените медицински средства, кои се набавени на нелегален начин и не се одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (МАЛМЕД), наплатиле партиципација од пациентите, а на штета на Фондот за здравствено осигурување на РСМ наплатиле износ од 7.037.050 денари. Пријавените лица причиниле вкупна материјална штета од 45.845.541 денари“ велат од Финансова.

Би можело да ве интересира

Хајрулахи: Кривичната пријава против мене има тенденцијата да ме отстрани и замолчи

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

МВР: Кривична за адвокат од Ресен, употребил полномошно од 94 – годишно лице кое било починато

Кривична за шефот на кабинет на Спасовски, не дозволил вработување на инспекторка

Катерина Ѓуровски

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Кривични пријави против пет лица за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против две лица за „несовесно работење во службата“

Предраг Петровиќ