Денеска нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд.

Во раните утрински часови во источните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне на повеќе места ќе има сончеви периоди.

Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне облачно со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Утре ќе дува засилен до силен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот и во среда претпладне се очекуваат нови врнежи од дожд.

Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

Денеска облачно со дожд и ветер

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер

Денеска променливо облачно со дожд и ветер од северен правец

УХМР: До среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд