СДСМ: Како заложник на пироманот Апасиев, Мицкоски сака да ја украде иднината на младите

Од:

„Иднина на младите е во ЕУ и секој што со своите дејствија го попречува европскиот пат работи директно против подобра иднина на младите македонски генерации. Христијан Мицкоски денеска уште еднаш потврди дека е слаб, дека нема став ниту визија и целосно е во заложништво на Левица и Димитар Апасиев“, реагира СДСМ на изнессени ставови на Христијан Мицкоски.

„Опасниот популизам одвнатре, анти европската и пироманска реторика на Левица и Апасиев стануваат се посилни а Мицкоски го имаат земено во целосно заложништво.

Мицкоски не го бара она што е добро за младите, не го бара она што е добро за иднината на државата, тој само гледа како да не заостане зад Апасиев.

Апасиев и Мицкоски сакаат да им ја украдат иднината на младите, повторно да бидеме блокирани од ЕУ како во времето на Груевски, а економијата да ни крахира.

Вистинската закана за иднината на младите е попречувањето на европскиот пат на земјава.

СДСМ никогаш нема да дозволи земјата да тргне по тој пат. На младите не им требаат опасни пиромани туку сигурна европска иднина со нова економска визија.

Политиките и визија на СДСМ и Димитар Ковачевски се единствена реална и сигурна опција за иднината на младите“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он