Акциска контрола за незаконит лов, констатирани шест кривични дела, одземени девет ловни пушки и муниција

Од:

Денеска, во периодот од 04.00 до 08.00 часот, на подрачјето на сите Сектори за внатрешни работи, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција извршиле контрола во реоните каде се врши ловство. При контролата, со која биле опфатени 132 локации, биле констатирани шест кривични дела „незаконит лов“ по член 228 од Кривичниот законик и еден прекршок по член 83А од Законот за оружје, извести МВР.

– Во 06.00 часот во Богданци, кај рампата за ветерници, шест лица биле затекнати при незаконит лов и од нив биле одземени осум ловечки пушки и повеќе парчиња патрони и муниција. Притоа, од Љ.Ш.(60) од с.Стојаково била одземена ловечка пушка „BAIKAL“ и 18 патрони калибар 12мм., од П.Ѓ.(42) од Валандово биле одземени ловечка пушка „BAIKAL“, ловечка пушка „Чешка Збројевка“, 15 патрони и 19 куршуми, од Т.Т.(35) од Богданци биле одземени две ловечки пушки „BAIKAL“ и 15 патрони 12 мм, од В.Б.(47) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „BAIKAL“ и 26 патрони 12 мм, од К.Б.(37) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „Бергара“ и 18 куршуми калибар 30 60 и од Л.П.(32) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „Huglu“ и 17 патрони калибар 12 мм. Во 06.45 часот, пак, на место викано „Витанска крстосница“, на подрачјето на Чашка, од И.Т.(61) од с.Горно Оризари биле одземени ловечка пушка ,,М-80“ и 12 патрони 12 мм, поради сторен прекршок по член 83А од Законот за оружје, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР