ВИДЕО: Силно невреме во Хрватска – поплавени патишта, сообраќајот блокиран

Од:

Силно невреме пропратено со грмежи утрово зафати делови од Хрватска, особено Риека, Нови Винодолски, Нови Винодолски, Малинска и Цриквеница.

– Патот во Нови Винодолски е затворен во двата правци – објави со видеото корисник на Фејсбук, наведува хрватскиот портал Индекс .

На социјалните мрежи беа објавени и видеа од возила кои се обидуваат да се пробијат низ надојдената вода.

Инаку, во петокот беше активиран портокалов метео аларм за регионот на Риека, што укажува на опасно невреме, додека жолт аларм е активиран за остатокот од земјата, освен за Осиек.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик