Блок 1 на РЕК Битола во краткотраен прекин

Од:

Од електроенергетскиот систем ноческа околу полноќ е исклучен Блок 1 на РЕК Битола. Се работи за планско исклучување заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката.

Преземени се сите чекори со цел интервенцијата да биде кратка и ефикасна и в понеделник блокот повторно да биде на мрежа, соопшти АД ЕСМ​.

Исклучувањето на блокот е планирано за време на викендот заради вообичаено намалениот конзум на електрична енергија во овој период од седмицата.

Електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола, АД ЕСМ ќе ја надомести со зголемување на производството во останатите свои постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Ќе се бара нова фирма за ископ на јаглен и јаловина за РЕК „Битола“

Левица: Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“?

А1он

ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“