Утринава облачно време со магла, попладне повремен дожд

Од:

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија на влажни бранови.

Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет.

Во сабота ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места.

Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд (над 40 л/м2) и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Од понеделник температурата ќе биде во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни

Горан Наумовски

Најмногу дожд наврна во Берово

Денеска сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи