Москва не ги дава осудените нејзини државјани кои се виновни за соборувањето на малезискиот авион

Од:

Русија денеска ја отфрли како скандалозна одлуката на холандскиот суд да осуди двајца нејзини државјани на доживотен затвор за соборувањето на малезискиот авион.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека судот бил под невиден притисок од холандски политичари, обвинители и медиуми да донесе политички мотивиран исход, објави Ројтерс.

Судењето во Холандија ги има сите шанси да стане едно од најскандалозните во историјата на судските постапки, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина