На неколку дена пред претседателските избори во Казахстан спречен државен преврат

Од:

Казахстанските власти денеска соопштија дека уапсиле седум лица кои подготвувале државен удар, пренесуваат француските меидуми.

Властите ова го соопштија неколку дена пред претседателските избори, а неколку месеци по протестите против поскапувањата на горивото, што избувнаа во јануари и во кои загинаа 238 лица.

Оттаму се наведува дека сите уапсени лица се симпатизери на прогонетиот банкар Мухтар Абљазов.

Претседателот Касим-Жомарт Токаев е кандидат за нов претседателски мандат на изборите закажани за в недела.

Седуммината уапсени се членови на „криминална организација која со месеци разговарале за плановите за организирање немири, за извршување државен удар и за прогласување привремена влада“, соопшти Казахстанскиот Комитет за национална безбедност (КНС).

Осомничените се симпатизери на Абљазов и ги делат неговите ставови, посочуваат од КНС.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан