Силен земјотрес синоќа го погоди западниот дел на американската сојузна држава Тексас, а Европскиот медитерански сеизмолошки институт на својата веб-страница објави дека земјотресот бил со јачина од 5,4 степени.
Се додава дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри.
Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени луѓе.
Извор: МИА