Баербок: Русија е виновна за ракетниот напад во Полска

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок оцени дека Русија е одговорна за смртоносниот ракетен напад во Полска.

– Овие луѓе немаше да загинат ако не беше оваа брутална руска воена агресија, истакна Баербок денеска по пристигнувањето на конференцијата на ОН за климата во Египет.

Таа додаде дека разузнавачки информации сугерираат ракетите биле на украинската воздушна одбрана, која реагирала на низата воздушни напади врз украинските градови.

– Изминатите 18 часа покажаа колку е важно да се однесуваме внимателно во овие моменти, но пред сè и заедно како Европска Унија, како НАТО, истакна Баербок.

Врз полското село Пржеводов, лоцирано околу шест километри од границата со Украина, вчера паднаа две ракети при што загинаа две лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта