Општина Аеродром: Лажните вести станаа заштитен знак на СДСМ – ниту едно дрво во Аеродром нема да биде исечено

Од:

Со градежните активности на улицата ,,Васко Карангелески” која е под целосна надлежност на Град Скопје, останува исполнето ветувањето, дека ниту едно дрво нема да биде исечено велат од Општина Аеродром во врска со денешните обвинувања за сечење дрва од СДСМ.

– Согласно комуникацијата која Општина Аеродром ја имаше со ЈП ,,Паркови и зеленило” како претпријатие на Град Скопје надлежно за зеленилото на оваа улица, ниту едно здраво дрво покрај улицата ,,Васко Карангелески” нема да биде исечено, туку напротив, неколку здрави дрвја ќе бидат дислоцирани и пресадени во зелениот појас на само неколку метри од локацијата. Потсетуваме дека согласно со првичниот проект на Петре Шилегов и Златко Марин, на оваа улица беше предвидена брутална касапница на зеленилото и сечење на над 100 здрави дрвја. Со наша брза интервенција и консултација со сите стручни лица и експерти, се изборивме улицата да биде проширена и реконструирана без притоа да биде исечено ниту едно дрво. Како Општина остануваме посветени на зачувување на постојното зеленило и работиме на обезбедување на дополнителни илјадници квадратни метри зелени површини се вели во реакцијата од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче