Бајден: Експлозијата во Полска била предизвикана од украинска ракета

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги информирал членовите на групата Г7 и НАТО дека експлозијата во Полска била предизвикана од ракета за воздушна одбрана на Украина, пренесува Ројтерс.

-Бајден ги информирал партнерите Г7 и НАТО дека експлозијата во Полска била предизвикана од украинска ракета за воздушна одбрана – пренесува агенцијата, повикувајќи се на неименуван извор во Алијансата.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека на 15 ноември биле насочени само цели на територијата на Украина со ракети со висока прецизност, на оддалеченост од најмалку 35 километри од украинско-полската граница.

На 15 ноември полските медиуми објавија дека две ракети паднале на територијата на Полска во близина на границата со Украина.

По инцидентот, Министерството за надворешни работи на Полска соопшти дека ракетите се од руско производство, додека претседателот Анджеј Дуда истакна дека засега нема точни информации за ова.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна