Полски опозициски политичар вели дека вчерашниот инцидент ги оставил Полјаците „преплашени“ и „потресени“.
Во изјава за Би-Би-Си, Мајкл Кобоско, потпретседател на полската опозициска партија Полска 2050, рече дека иако Полска е на границата со Украина, луѓето не очекуваа таков инцидент.
Тој вели дека се надева дека состанокот на лидерите на Г7 и НАТО во Варшава ќе им даде повеќе информации за инцидентот – вклучително и за каков вид на проектил станува збор.
Тој, сепак, додава дека без разлика дали ракетата е руска или украинска, за инцидентот се виновни „Русите“, кои вчера започнаа бран напади врз Украина.