Според американските официјални лица, првичните наоди сугерираат дека проектилот што ја погоди Полска бил истрелан од украинските сили кон влезна руска ракета. Тројца официјални лица изјавија за новинската агенција Асошиетед прес дека Украинците се обидувале да се одбранат од руски напад насочен кон нивната електрична инфраструктура.
Полското Министерство за надворешни работи првично ја опиша ракетата како „руско производство“.
„На 15 ноември 2022 година беше во тек уште едно масовно гранатирање на целата територија на Украина и нејзината критична инфраструктура, извршено од вооружените сили на Руската Федерација. Тоа траеше неколку часа. Во 15:40 часот во селото Пржеводов, во провинцијата Хрубишов во војводството Лублин паднал проектил од руско производство и усмртил државјанин на Република Полска. Во врска со овој настан министерот за надворешни работи Збигњев Рау го повикал рускиот амбасадор и од него побарал итна и детално објаснување за овој настан“, се вели во соопштението.