Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се огласи за експлозијата во близина на украинско-полската граница. Тој рече дека НАТО ја следи ситуацијата во Полска, додавајќи дека сојузниците внимателно се консултираат.
„Разговарав со претседателот на Полска, Дуда, за експлозијата. Му изразив сочувство за загубата на животи. НАТО ја следи ситуацијата и сојузниците внимателно се консултираат. Важно е да се утврдат сите факти“, напиша Столтенберг на Твитер.