Министерството за надворешни работи на Полска објави соопштение во кое потврди дека проектилот што падна во село во близина на полско-украинската граница е од руско производство.
„На 15 ноември 2022 година беше во тек уште едно масовно гранатирање на целата територија на Украина и нејзината критична инфраструктура, извршено од вооружените сили на Руската Федерација. Тоа траеше неколку часа. Во 15:40 часот во селото Пржеводов, во провинцијата Хрубиесов паднал проектил од руско производство и усмртил двајца државјани на Република Полска. Министерот за надворешни работи Збигњев Рау го повика рускиот амбасадор и од него побара итно и детално објаснување за овој настан“, се вели во соопштението.