Портпаролот на полската влада Пјотр Милер вечерва по итната седница на Совет за национална безбедност потврди дека двајца Полјаци попладнево загинале во експлозија во машина за сушење жито во селото Пжеводов, на пет километри од границата со Украина, но не ја потврди неофицијалната вест на агенциите дека Полска е погодена од руски ракети.
-Имаше експлозија во која загинаа двајца полски државјани. Службите ги разјаснуваат околностите и ќе ги разјаснат и во текот на ноќта, рече Милер вечерва на кратката прес-конференција.
❗️Report: A Polish military expert group arrived at the site of the explosion in Poland.
Since there are remains of a rocket there, experts will be able to tell exactly what kind of rocket it was and who it belongs to pic.twitter.com/YjnAiWsPlS
— OsintTv📺 (@OsintTv) November 15, 2022
Полски воени експерти пристигнаа на местото на експлозијата во близина на украинско-полската граница. Бидејќи на местото на настанот има остатоци од ракетата, експертите ќе се обидат да утврдат за каков тип на оружје се работи и кому му припаѓа.