Активистите за климатски промени фрлија боја врз сликата на Густав Климт во музејот во Виена во знак на протест, на денот кога влезот беше бесплатен благодарение на спонзорството на една нафтена компанија, пренесува Ројтерс.
Climate activists pour black ink on Gustav Klimt’s “Death and Life” painting at the Leopold Museum in Vienna:pic.twitter.com/PV1VBNJcfX
— Alex Salvi (@alexsalvinews) November 15, 2022
Активистичката група „Последна генерација“ на интернет објави слики од еден поддржувач како истура, како што ја нарече, „црна, мрсна течност“ на екранот пред „Смртта и животот“ на Климт во музејот Леополд, пред да биде пресретнат од член на персоналот додека друг активист очигледно ја залепи раката на екранот.
Ова е најнова епизода во серијата такви акции на активисти за климатски промени кои сакаат да го потресат јавното мислење со фрлање течност на познатите уметнички дела во музеите или опремата што ги штити тие дела.