Општина Центар: Издадени 68 правосилни одобренија за градење со барања поднесени од први јануари минатата година

Од:

Како одговорна, транспарентна и отчетна општина, Центар од оваа година започнува нова активност, односно објавување на полугодишни извештаи за издадените одобренија за градење, велат од Општината.

– Оттука, издадени се вкупно 68 одобренија за градење на територија на Општина Центар, кои се однесуваат на барања поднесени од 1.1.2021. Од доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски на позицијата, односно од 4.11.2021 заклучно со денес (15.11.2022), издадени се 35 правосилни одобренија за градење. Се работи за управни постапки кои ја имаат поминато целата процедура за издавање правосилно одобрение за градење и до општината ја имаат доставено целосната потребна документација, соопштува Општина Центар.

– Овие полугодишни извештаи кои општината ќе ги објавува се уште еден чекор напред кон целосно воспоставување на целосно транспарентни и отчетни институции. Оваа нова востановена практика на Општина Центар е позитивен пример и за останатите општини, не само во Скопје, туку и во целата држава, за тоа како да се подигне нивото на транспарентност во самите институции, се додава во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар