Бројот на загинати во сударот на два авиони на аеромитинг во американскиот град Далас се искачи на шест, соопштија официјални лица.
Летечка тврдина Боинг Б-17 и Бел П-63 Кингкобра се судрија околу 13:10 часот по локално време во саботата пред да се урнат на земја, соопшти Федералната управа за авијација.
Локален функционер изјавил дека се работи на идентификација на жртвите, пренесуваат медиумите.
Здружението на сојузничките пилоти претходно објави дека меѓу загинатите се и двајца поранешни членови на здружението, Тери Баркер и Лен Рут.
Градоначалникот на Далас, Ерик Џонсон, на Твитер изјави дека нема повредени на теренот меѓу посетителите на релито.
Федералната управа за авијација соопшти дека ќе започне истрага за несреќата, која се случи за време на тридневниот собир посветен на сеќавањето на ветераните и жртвите од Втората светска војна.
Официјалните лица не прецизираа колку луѓе имало во авионите, но Хенк Котис, претседател на компанијата за аеро шоу, рече дека Летечката тврдина Боинг Б-17 обично има екипаж од четири до пет лица, а Бел П-63 Кингкобра има еден пилот.