Зоран Томовиќ или Миле Хаџиски за кој постојат сомневања дека е припадник на организираната криминална група „Пинк Пантер“, како што веќе јави дописникот на МИА од Париз, нема да им биде испорачан на швајцарските власти, додека за барањето за екстрадиција од македонските власти Судот од Ним ќе одлучува на 25 септември.
Во судот во Ним, Зоран Томовиќ пристигна под силно обезбедување со три банализирани автомобили на кои им претходеа три жандармериски мотоцикли. За неговата безбедност се грижеа припадниците на специјалната единица на француската жандармерија кои со оружје во рацете, заштитени со панцири го обезбедија пристапот до Судот, до каде беше донесен по изменета маршута во последен момент. Мерки, кои доволно зборуваат дека француските власти веруваат дека тој е опасен за јавниот ред.
На обвинитената клупа, Зоран Томовиќ се појави придружен од двајца жандарми со маскирани лица. Судијата бара да му бидат извадени лисиците и потоа го кажува својот идентитет. Баерм онај под кој е се појавува пред судот: Зоран Томовиќ, со француско државјанство, роден во 1966 во Србија, воен пензионер (француски), без постојано место на живеење во Франција и чија жена и деца живеат во Швајцарија. Тој се стекнал со француско државјанство во 2002 година.
„Декретот за државјанството ми беше даден од страна на францускиот амбасадор во Џибути во август 2002 година“ – раскажува Томовиќ, облечен во кошула и уредно исчешлан.
Судијата го прашува дали има друг идентитет. Одговорот е позитивен: „Миле Хаџиски, роден во 1972 година во Црна Гора“. Тоа е неговиот вистински идентитет при раѓањето. Тој не ги прифаќа барањата за екстрадиција издадени од страна на Швајцарија и Македонија.
Јавниот обвинител објаснува дека оолу барањето на Швајцарија „тој имаше француско државјанство во моментот на делото и не може да биде испорачан, Франција не ги екстрадира своите државјани“ .
За барањето кое го има доставено Македонија, „на датумот кога е направено делото, тој немаше француско државјанство, нема мотив за да се спротистави на неговата екстрадиција“- објаснува обвинителот. Но јавното обвинителство од Ним е на мислење дека е потребно да се добијат оригиналните документи за барањето за екстрадиција од страна на Македонија, пред да се донесе одлуката.
На прашањето на судијата дали има нешто да изјави Зоран Томовиќ вели:„Во Македонија, јас бев погрешно обвинет за нешто ужасно, што не го направив. Јас бев ослободен од обвинението од страна на судот во 1995 година.
Неговата адвокатка Селин Алкалд појаснува: „Тој беше осуден, ослободен, па повторно осуден во негово отсуство. Четири противречни пресуди. Условите гарантирани од Европската конвенција за човекови права не се почитувани“.
На прашањето зошто побегнал од швајцарскиот затвор, Зоран Томовиќ објаснува дека „во Швајцарија обвинителот е истовремено и истражен судија. И тој покажал целосна непарцијалност.“ Притоа се пожали дека бил жртва на расизам од негова страна и поради тоа учествувал во бегството од затворот.
Неговата адвокатка дополнува дека не може да биде екстрадиран, бидејќи има француско државјанство. Зоран Томовиќ не се спротиставува да ја одлежи казната затвор во Франција, ако се потврде неговата вина, бидејќи судењето се уште не е одржано, притоа таа бара ослободување на нејзиниот клиент.