Државниот универзитет во Либерија, соопшти дека сите 25.000 кандидати за упис на факултет паднале на приемниот испит.
-Ниту еден од 25.000 кандидати кои го полагаа тестот, не освои потребен број поени, рече заменик на деканот на универзитетот во Монрови, Ансу Сони, пренесе „Франс прес“.
Универзитетот на кој што се образуваат повеќе од половината студенти во Либерија, сепак беше приморан да прими 1.000 кандидати, и покрај тоа што никој не го помина приемниот испит за школската година која што започнува идниот месец.
Претседателот на парламентарниот одбор за образование, Бил Туавеј за големиот неуспех на идните академци ја обвини лошата настава.
-Ова е јасен сигнал дека квалитетот на образованието во Либерија е на многу ниско ниво.Тоа покажува дека нашите наставници не предаваат добро – изјави Туавеј.
Либерија се уште се опоравува од четиринаесет годишната граѓанска војна, која што заврши во 2003 година. Поради големата сиромаштија, поголем број родители, бараат вработување за своите деца и не ги испраќаат на училиште.
Елена Георгиевска