Белата куќа ја поздрави извонредната победа на Украина во Херсон

Од:

Рано утрото, Белата куќа ја поздрави извонредната победа на Украина во Херсон, кој беше ослободен од руската армија по речиси девет месеци окупација, пренесува Франс прес.

„Се чини дека Украинците штотуку постигнаа извонредна победа. Единствениот регионален главен град што беше окупиран од Русија за време на војната сега е повторно под украинското знаме. Навистина е извонредно“, им рече на новинарите Џејк Саливан, советник на американскиот претседател Џо Бајден.

Саливан рече дека повлекувањето на Русија од Херсон ќе има „пошироки стратешки импликации“, вклучително и намалување на долгорочната руска закана за другите јужни украински градови, како што е Одеса.

„Ова е важен момент благодарение на упорноста и вештината на Украинците, кои се неуморно поддржани од САД и нашите сојузници“, додаде Саливан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ