Трофеите на КК Работнички како саксии

Од:

Завршува голготата на најтрофејниот кошаркарски бренд, КК Работнички. Како што најави на прес конференција, градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, на 4 септември ќе се одржи собрание на клубот на кое ќе биде разрешена старата, а ќе биде назначена новата управа на Работнички. Новото раководство, рече ќе има задача да го консолидира клубот во Градскиот парк.

Она што треба да се направи е во најкраток можен рок да се договори квалитетен играчки кадар кој ќе го врати препознатливиот сјај на Работнички. Управата ќе има и одговорна задача да ги расчисти натрупаните проблеми и долгови наследени од претходното раководство, кое најавуваше дека половина милион евра ќе се слеат во касата. Реално колку се долговите на Работнички сеуште не се знае бидејќи сеуште ги нема сите податоци кои се потребни.

1174252_191629721008791_1706231555_n

“Според некои информации долгот на Работнички за плати кон тренери, администрација и играчи, неисплатени фактури, комуналии изнесува од 7 – 9 милиони денари. За младински категории долгот е 80 000 денари“, рече Жерновски.

Се должат две плати на играчите, а многу повеќе на тренерите и администрацијата.

Во салата во „Градски парк“ е исклучена електричната енергија, а веќе неколку фирми на кои им се должи најавуваат дека ќе го тужат најтрофејниот клуб. Извршниот директор и претседателот на бордот на директори не одговараат на повиците на играчите околу неисплатените плати.

“Најтрагичното од се е тоа што никаде неможат да се најдат документите преку кои може да се види реална состојба за клубот. Управата нема поднесено финансики извештај до Општината за потрошените средства иако се обврзани со договорот кој го имаат потпишано со сопственикот. Општина Центар. Од салата во Градски парк изнесено е буквално се почнувајќи од баскети, спортска опрема, клупи па се до машини за перење. А за тоа каков бил односот на управата говори податокот дека пехарите кои се гордост на клубот сега служат за саксии за цвеќе. Младинската школа која беше најдобра во Македонија и беше расадник на млади таленти новата управа ќе има да ја врати на местото кое заслужува да биде“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

1290003_191629727675457_1649419286_n

Дури по конституирањето на новата управа ќе може да се пристапи кон составување на тимот, бидејќи новите водечки луѓе ќе бидат во можност да потпишат валидни договори со кошаркарите. Она што е сигурно е дека е договорено останување на Јане Петровски и на Марјан Ѓуров, а средени се и деталите околу трансферот на Дарко Соколов во „Градски парк“.

“Новата управа ја очекува и тешката задача, но ќе има волја и желба бидејќи Работнички беше и ќе биде наша гордост. Воедно ај користам оваа прилика да ги повикам навивачите на КК Работнички да седнеме на маса и да ги решиме сите недоразбирања поради кои ги бојкотираат натпреваите на Работнички и заеднички да се избориме за посилен и подобар НАШ РАБОТНИЧКИ“, рече Жерновски.

Иднината според Жерновски е да се ослободи Работнички од политиката и да се најдат спонзори, но како што рече, многумина се плашат ако вложат во Работнички дека нема да бидат на “омилената“ страна на бизнисот.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ