Доларот во пад поради забавувањето на инфлацијата во САД

Од:

Вредноста на американскиот долар се намали денеска во однос на ривалските валути бидејќи забавувањето на инфлацијата на потрошувачките цени во САД ги намали очекувањата за поагресивно зголемување на каматните стапки на федералните резерви.

Во раните попладневни зделки, зелената банкнота нагло потона наспроти фунтата, еврото и јенот, бидејќи официјалните податоци покажаа дека инфлацијата во САД се намали на годишна стапка од 7,7 отсто во октомври.

Фунтата скокна за 1,9 отсто на 1,1574 долари, а еврото се зголеми за 0,8 отсто на 1,0092 долари.

Податоците беа објавени една недела откако американската централна банка го претстави четвртото по ред зголемување од 0,75 процентни поени, како што се очекуваше – шестото зголемување оваа година за да се зауздаат неконтролираните цени.

Сепак, ФЕД минатата недела предупреди дека стапките ќе бидат повисоки од претходно очекуваните во борбата против децениската висока инфлација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел