Мицкоски: Владата веднаш да почне со примена на новиот Закон за здруженија и да го затвори „Цар Борис“, место да го праќа во Венецијанска комисија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ предложи закон во Парламентот, тој закон помина, тој закон е изгласан и тој закон треба да почне час поскоро да се применува, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање каде беше запрашан за коментар по вчерашната најава на министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека новиот Закон за здруженија и партии, кој што од пратеници и од власта и од опозицијата беше донесен во македонското Собрание, ќе го прати на оценување во Венецијанската комисија.

Мицкоски истакна дека ако власта не знае како да почне да го применува, еве тој ќе им помогне, додавајќи дека треба да почне со клубот во Охрид, кој носи име на докажан нацистички соработник, треба веднаш да го затвори и да ја укине неговата регистрација.

„Уште утре да го затворат клубот „Цар Борис“ во Охрид и да се укине регистрацијата на тој клуб, бидејќи тој клуб, очигледно и јасно ни е на сите, носи име на фашистички соработник. Однос, на бидам по прецизен, нацистички соработник, за време на Втората светска војна“, рече Мицкоски.

Во однос на министерот за надворешни работи, вели дека тој е истиот оној Бујар Османи кој што последниот период, континуирано работи против интересите на македонскиот народ и кој дипломатијата ја сфаќа да се удоволат интересите на сите, а да се загрозат на Македонците.

„Тоа е истиот оној Бујар Османи кој што во изминатиот период, континуирано работи спротивно на интересите на македонскиот народ и на државата и го заплетка процесот. Го заплетка процесот со своите егзибиции на меѓународна политика, затоа што тој, дипломатијата ја сфаќа да се удоволуваат интересите на сите, а да се загрозуваат интересите на македонскиот народ. И тоа погрешно поимање на политиката, тоа е погрешно поимање на дипломатијата“, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го истреби криминалот и за истиот ќе има одговорност, затоа ни треба поддршката од граѓаните на 8 мај за број 2

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Да ја вратиме Македонија на граѓаните затоа што сега е ограбена, понижена, затоа излезете масовно и заокружете за Македонија повторно горда и Македонија повторно твоја

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов