Индиската полиција уапси лидер на терористичка група

Од:

Индиската полиција го уапси Јасин Бхаткал, лидер на терористичката организација „Индиски муџахедини“, која е обвинета за бомбашки напади во повеќе градови во земјата.

– Бхаткал е уапсен на источната граница со Непал, во близина на градот Горакпур, потврди индискиот министер за внатрешни работи Сушил Кумар Шинде, а моментално е сослушуван од безбедносните служби.

„Индиски муџахедини“ стана позната терористичка група во 2007 година по серијата експлозии во северната држава Утар Прадеш, при што загинаа стотици луѓе.

Експертите сметаат дека „Индиски муџахедини“ е поврзана со пакистанската терористичка организација „Лашкар-е-таиба“, која презеде одговорност за напади на територијата на Индија. На почетокот на месецов индиската полиција го уапси Абдул Карим Тунда, кој се смета за еден од лидерите на „Лашкар-е-таиба“.

Засега не се соопштува дали има поврзаност меѓу двете апсења.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати