СДСМ: Хаосот во Скопје ВМРО-ДПМНЕ го продолжува со хаос во Советот

Од:

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје за една година донесе хаос, кавги за провизии и тендери, масовна партизација, расипничко трошење на народните пари, јавни претпријатија на раб на функционалност“, велат од СДСМ.

„Хаосот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во Советот на Град Скопје. Наместо за советнички прашања и за решавање на проблемите на скопјани, ВМРО-ДПМНЕ го претвори Советот на Град Скопје во мегдан за јавни кавги и лични навреди меѓу менаџерката Данела Арсовска и професорот Трајко Славески.

Ним поважни им се микрофонот и копчето за исклучување на микрофонот од развојот на Скопје и интересите на Скопјани.

Додека тие се расправаат за микрофони, но и за тендер од 136 милиони евра, за провизии и влијанија, се случи Скопје прв пат во историјата да остане без јавен превоз.

Нема бесплатен јавен превоз, ни еколошки автобуси. Наместо паркови никнуваат депонии.

Стои реконструкцијата на Универзалната сала, готов проект оставен од претходната локална власт.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се игнорирани и други проекти наследени од СДСМ како изградбата на мостовите на булевар АСНОМ и улица Љубљанска, кружниот тек кај Момин поток, патот за Визбегово.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска го уназадија Градот, не реализираа ниту едно ветување.

Катастрофата и хаосот предизвикан од ВМРО-ДПМНЕ им прави штета на Скопјани, кои очекуваат решенија за проблемите и реализација на ветените проекти“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он