На Богородица спречен шверц на ловечка муниција

Од:

На граничниот премин Богородица е спречен обид за нелегално внесување на 1.250 парчиња ловечка муница. Муницијата е пронајдена во вторникот во патничко возило со грчки таблички.

Возачот, кој бил грчки државјанин, пријавил дека пренесува 1.200 парчиња муниција и четири ловечки пушки, но поради сомневање, царинските службеници направиле контрола на возилото при што во патничка торба и кутија за храна пронајдени се уште 1.250 парчиња 12 милиметарска калибарска муниција за која немало одобрение.

Вредноста на муницијата се проценува на околу 25 илјади денари, при што се избегнати царински давачки во висина од 12 илјади денари.

Муницијата е привремено задржана, а против сторителот е поведена прекршочна постапка.

Во последните седум дена на граничниот премин Богородица спречени се три обиди за нелегално внесување на ловечка муниција од страна на грчки државјани, при што се запленети вкупно 2.203 парчиња муниција.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ