Тридневен штрајк во 150 британски универзитети на крајот на месецот: „Кампусите ќе почуствуваат штрајк од досега невидени размери“

Од:

Повеќе од 70.000 вработени во 150 британски универзитети ќе штрајкуваат три дена поради платите, работните услови и пензиите, соопшти Синдикатот на универзитети и колеџи.

„Кампусите низ Обединетото Кралство ќе почуствуваат штрајк од досега невидени размери“, истакна генералната секретарка на Синдикатот, Џо Грејди во изјава објавена на неговата интернет страница.

Како што тврди Грејди, „овој спор има огромна поддршка од студентите, бидејќи тие знаат дека нивните услови за учење се работните услови за нашите членови“.

Штрајкот е најавен да се одржи на 24, 25 и 30 ноември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година