Денеска во 18 часот, паркобраните пред хотелот „Бристол“ организираат турнир во сервис на улица и ги покануваат сите добронамерни граѓани да им се придружат. Турнирот ќе се одвива во индивидуална конкуренција и во парови, а за најдобрите во овие категории ќе бидат обезбедени награди.
Паркобраните продолжуваат да го окупираат паркот кај хотелот „Бристол“ и покрај најавите дека владата не се откажува од зградата на Советот за радиодифузија, односно Агенцијата за медиуми.
Пријавите за учество на турнирот може да се испратат на Фејсбук страницата на паркобраните или на самото место.