Зеленски: Од витално значење е Русија да се присили на вистински мировни преговори

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од витално значење е Русија да учествува во, како што наведе, вистински мировни преговори и истакна дека оваа земја има „дестабилизирачко влијание“ за голем број прашања, вклучувајќи ги и климатските промени.

Во своето видео обраќање од синоќа Зеленски го осуди „дестабилизирачкото влијание на Русија“ во време кога светот се соочува со војна, енергетска и прехранбена криза и, како што го нарече, уништување на меѓународните односи какви што ги знаеме.

Тој, пренесоа британските медиуми, исто така, кажа дека климатската агенда „навистина трпи“ и дека не може „да се стави во мирување“.

-Значи, секој кој е сериозен за климатскиот план мора да биде сериозен и за потребата веднаш да се запре руската агресија, да се врати нашиот територијален интегритет и да се принуди Русија на вистински мировни преговори, рече Зеленски.

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак вчера изјави дека Киев никогаш не одбил да преговара со Москва и дека е подготвен за разговори со идниот руски лидер, но не и со Владимир Путин.

„Вашингтон пост“ изминатиот викенд објави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го охрабрува украинското раководство да сигнализира отвореност за разговори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски