Додик: Разграничувањето е најдобрата варијанта за БиХ

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска изјави дека во БиХ има поделби кои се неизбежни и затоа разграничувањето е најдобрата варијанта за земјата.

-Тоа што беше претходно не може да се врати. Како може 150.000 Срби да се вратат во Сараево. Никако. Тоа го нема веќе и не може да се врати, а Југославија беше голема српска заблуда. Мојата најголема грешка беше што им верував на странците и тоа нема да се повтори, изјави Додик, пренесе РТРС.

Новоизбраниот претседател на РС истакна дека за српскиот народ од Република Српска матична татковина е Србија, а Белград е главниот град.

-Постои дел од јавноста во Србија што шпекулативно ги прикажува видувањата. Тие се помогнати од некои невладини организации кои долгорочно им штетат на Србите. Тоа се обидов да им го објаснам на новинарите во Белград во времето на изборите во Босна и Херцеговина, изјави Додик за Телевизија „Уна“.

Тој изјави дека „претходно му било понудено да биде играч на Западот, но дека сфатил оти се шпекулативни“.

-Тие сакаат да обезбедат пазар за нивните компании во нашиот регион и да ни ги наметнат своите вредности. Имаме право да ја браниме нашата земја…, додаде Додик.

Тој повтори дека членовите на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина од опозицијата од Република Српска и муслиманите се оние кои се против политиката што тој ја заговара.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски