КОП27: Формирана група за контрола на исполнувањето на ветувањата за запирање на уништувањето на шумите

Од:

Повеќе од 25 земји на климатскиот состанок КОП27 во Египет формираа група во рамките на која меѓусебно ќе се надгледуваат дали го почитуваат ветувањето дека ќе го запрат уништувањето на шумите во 2030 година, а истовремено најавија и милијарди долари помош за спас на шумите.

Првиот состанок на новото партнерство со кое претседаваат Гана и САД се одржа една година откако повеќе од 140 светски лидери во Глазгов ветија дека ќе стават крај на уништувањето на шумите до крајот на деценијата. Оттогаш, има мал напредок бидејќи само неколку земји воведоа построги контроли на уништувањето на шумите.

Во новата група спаѓаат Јапонија, Пакистан, Република Конго, Обединетото Кралство и други земји кои заедно сочинуваат 35 отсто од шумите во светот. Тие планираат да се состануваат двапати годишно. Бразил и Демократска Република Конго, не се приклучија на групата.

– Ова партнерство е клучен следен чекор за колективно исполнување на тоа ветување и помагање да се одржи целта за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени, истакна Британецот, Алок Шарма, претседател на минатогодишниот КОП во Глазгов.

Групата соопшти дека досега се исплатени околу 22 отсто од 12 милијарди американски долари јавни пари ветени за шуми до 2025 година, одобрени во Шкотска.

Германија оваа година соопшти дека ќе го удвои своето финансирање на шумите на две милијарди евра во 2025 година. Приватните компании најавија дополнително финансирање од 3,6 милијарди долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп ги обвини Бајден и Харис: Се обидуваат да ме убијат поради вас

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

Поради поплави затворен автопатот во Австрија, се е под вода

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Русите стигнаа на 8 километри од Покровск

Предраг Петровиќ

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ