ЕУ им се закани на САД поради субвенциите за електрични автомобили

Од:

Европска Унија се закани дека ќе преземе соодветни мерки против САД заради субвенциите за електрични автомобили кои ги фаворизираат домашните производители.

Блокот од 27 земји е вознемирен поради „Законот за намалување на инфлацијата“ на Вашингтон, кој ќе има огромни трошоци за иницијативи за зелена енергија и вклучува даночни олеснувања за електричните автомобили и батериите произведени во САД.

Според Брисел придобивките за американските производители на електрични возила ќе ги стават е-автомобилите произведени во ЕУ во неправедна неповолна положба на профитабилниот домашен пазар на САД.

Законот за намалување на инфлацијата предвидува даночен кредит од 7.500 долари за купување на електричен автомобил, но возилото мора да биде произведено во САД со локално произведени батерии.

Комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон се закани дека ќе преземе „реципрочни мерки“ против САД бидејќи субвенциите се „спротивни на правилата на Светската трговска организација“.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер повика на „координиран, обединет и силен“ одговор од земјите на ЕУ против мерките на САД.

Минатата недела ЕУ ги повика САД да им ги дадат истите повоилности што им ги даваат на автомобилите произведени во Канада и во Мексико.

Брисел и Вашингтон формираа работна група за да се обидат да изнајдат решение.

Германскиот канцелар Олаф Шолц минатиот месец предупреди дека американските мерки може да предизвикаат „огромна тарифна војна“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија