Три жени повредени во сообраќајка на патот Маврови Анови – Дебар

Од:

На 6.11.2022 во 13 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, пред Скудрињски мост, патничко моторно возило „митсубиши пајеро“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот Р.И. од с. Требиште, излетало од коловозот.

Во несреќата, сопатничката З.И.(62) се здобила со тешки телесни повреди, а другите две сопатнички Д.С. и Е.А. се здобиле со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Шабац, камион удри во екипа на пат

Осуммина тешко повредени во верижен судир кај Битола, патот е затворен

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница