Приведени двајца дилери во Битола, пронајден хероин

Од:

Вчера во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода 30-годишниот А.Д. и 37-годишниот Ш.К., двајцата од Битола, извести МВР.

– При претрес во домот на А.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и банкноти во различни апоени. Исто така, при претрес во домот Ш.К. извршен со судска наредба, бил пронајден и одземени хероин, дигитална вага и предмети со остатоци од хероин, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници