Отворен ден во Офицерски дом Битола и богата културна програма овој викенд

Од:

По повод одбележувањето на 4 ноември, Денот на ослободувањето на Битола, Офицерскиот дом утре, организира „Отворен ден“ за сите граѓани и посетители. Воедно овој викенд КИЦ Битола е средиште на бројни културни случувања.

– Вратите на Офицерски дом, ќе бидат широко отворени за сите посетители, кои ќе можат да слушнат за историјата на Офицерски, да ја разгледаат внатрешноста и изложбите како онаа на Благој Мицевски – „ОпераДрамаБалет“- костими и фотографии“ во Кристалната сала,„Звукот на Битола“- посебно мултимедијално доживување во Свечената сала, репрезентативната поставката на „Битолска современа уметност“ во Западната Галерија, да уживаат во музичкиот маратон„Со љубов за Битола“ , да ја дознаат историјата на музиката во нашиот град преку книгата „Музика“ на Александар Стерјовски или едноставно да прошетаат и да уживаат во убавината на нашата гордост Офицерски дом, се вели во соопштението на КИЦ Битола.

Би можело да ве интересира

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски