Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска изјави дека информациите од повеќе извори укажуваат на тоа дека силите на сирискиот претседател Башар ал Асад се одговорни за употребата на хемиско оружје во минатонеделниот напад во близина на Дамаск.
Расмусен по состанокот со амбасадорите на НАТО во Брисел истакна дека секоја употреба на хемиско оружје „е неприфатлива и не може да помине без одговор“, но не нагласи за каков одговор станува збор.
– Ова претставува кршење на меѓународните норми и пракса. Одговорните за тоа мора да бидат осудени, додаде Расмусен, истакнувајќи дека Алијансата „внимателно ја следи“ ситуацијата во Сирија.