Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска се сретна со амбасадорот на Русија, Александар Боцан-Харченко.
Рускиот амбасадор на Дачиќ му врачи честитка од министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, по повод неговото назначување на функцијата шеф на дипломатијата, во која се наведува дека Русија е подготвена да ја продолжи ефективната руско-српска соработка, меѓу други работи, во контекст на заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија и праведно решавање на косовското прашање.
Дачиќ и рускиот амбасадор разговарале за подобрување на билатералните односи и актуелните геополитички прашања.
Според соопштението на МНР, двајцата соговорници разговарале и за состојбите во регионот, а шефот на српската дипломатија уште еднаш ја истакнал посветеноста на Србија на политиката на мир и соработка, со цел одржување на стабилноста на Западен Балкан.
Дачиќ истакна дека Србија ќе остане посветена на дијалогот како единствен начин да се бара компромисно решение.